Македонскиот тим замина на патувањето на IIHF BIHU U16 Festival, во Измит, Турција на 28 август во следниот состав: Децковски Стефан, Ташевски Кристијан, Димитровски Бојан, Симонов Петар, Стојмировски Филип.
И покрај постигнатиот резултат, нашите играчи покажаа одлична кондициона подготвеност, но се чуствуваше недостатокот од тренинзи на лед. Сите членови на тимот максимално се залагаа достојно ги одиграа утакмиците. Нивната физичка подготвеност особено се покажа во последниот натпревар кога беа исклучени 4 локални играчи до крајот на натпреварот. По овој настан нашиот тим остана скоро 1 ½ третина со 6 играчи. Се менуваше само по еден играч, и тука нашите играчи ја докажаа нивната максимална физичка подготвеност, бидејки во хокеј натпреварите измените се прават на 2-2 ½ мин, а нашиот тим немаше можност за комплета замена на целата петорка.
На свеченото отварање бевме преставени под нашето уставно име Македонија, каде земаа учество сите учесници.
По одигрувањето на првиот циклус на натпревари повторно се разигруваа натпревари во истата група, односно немаше мешање на А група со Б група. Со оглед дека нашиот тим се најде во група со тимови кои по 12 месеци тренираат на мраз нашиот резултат беше очекуван.
И покрај одличната физичка подготвеност на нашиот тим, се чуствуваше недостатокот од тренинзи на мраз.
По завршувањето на натпреварите сите учесници добија сертификати и медали за учество на Фестивалот.

