Наскоро се враќа хокејот за најмладите генерации во Скопје. ХК Скопје Стадо најави Youth Hockey програма.
Како што објави клубот на Инстаграм, веќе во тек е уписот за децата.
Засега не се познати многу детали, но како што дознава hokej.mk од извори близу до клубот, се планира во одредени викенди да има термини за нова хокеј школа. За точно кога ќе бидат термините, клубот ќе извести дополнито преку неговите официјални извори, истотака е во директна комуникација со родители кои веќе си ги пријавија децата за новата младинска хокеј програма.
Примарната цел е да се запознаат децата со хокејот како спорт и секако лизгањето на мраз, за да се создаде нова генерација на македонски хокеари. Школата е отворена за машки и женски, и сите возрасти.
Тренери ќе бидат играчи од првиот тим на ХК Стадо, во главно играчите од Канада.
Доколку сте заинтересирани да го зачлените ваше дете во новата хокеј школа, клубот објави преку Гугл документс формулар за пријавување (ЛИНК). Но, можете и да го користете најавениот (странски) телефонски број преку WhatsApp, или емајл адресата (види слика).




