Заштитна опрема за хокеј на мраз (Ice Hockey Protective Gear)
…е задолжителна и мора да се носи на сите натпревари и тренинзи.
Заштитна опрема вклучува (види слика горе):
- Суспензор
- Штитници за потколеници
- Чорапи т.н. „штуцни“
- Панталони
- Лизгалки
- Градник
- Штитиници за лактите
- Дрес
- Кацига со заштитна маска или мрежа
- Ракавици
- Палица
Опрема за инлајн-хокеј (Inline Hockey Protective Gear)
Заштитната опрема за хокеј на ролерки се разликува минимално. Наместо специјалните хокејарски панталони се користи т.н. гирдл – girlde исто познато како „шок-пентс“ (shock-pants) кои се полесни али ипак нудат заштита. Како панталони над опремата во инлајн-хокејот се носат долги панталони без заштита и е фактички навлака често и во специјален тимски дизајн, т.н. inline/roller hockey pants.
Во сениорските категории (над 18 год.) градник т.е. штитник за рамењата не е задолжителен. Често сениорите користат т.н. „падед-ширт – padded shirt“ што претставува лесен штитник во форма на мајца која е лесна и нуди можност на флексибилност.
Хокејот на ролерки со топка т.н. „скејтер-хокеј“ се игра со идентична опрема како на мраз. Во скејтер хокејот контактот е дозволен, и затоа неопходна е заштитата на целокупното тело.
Лизгалки (Ice Hockey Skates)
Најважен дел од опремата се лизгалките. Хокеј лизгалки се оптимизирани за повеќе функции, од кои голем дел му овозможуваат на играчот да ја постигне најголемата лизгачка брзина. Лизгалките се оптимизирани за физичко забрзување (маневрирање) што му овозможува на играчот брз старт/спринт и застанување, да свртува и да ја промени насоката на лизгање.
Дополнителна функција им е цврстина спрема обична лизгалка за да ја заштитат ногата на лизгачот од допир со други лизгачи, хокеј палки и плочката, од теренот и од мразот.
Ролерки (Inline Hockey Skates)
Во летниот период хокејарите играт хокеј на ролерки. За т.н. инлајн-хокеј или скејтер-хокеј исто така постојат оптимизирани ролерки (Inline-Skates). Во главно ги има сите карактеристики како лизгалките со разлика што наместо нож за на лед е монтирана шина за 4 гумени тркаленца (во младинските категории три гумици). За разлика од т.н. „рол-шуги“ инлајн ролерките имат 4 тркала наредени во една линија, со тоа инлајн-ролерката е многу пофлексибилна за возење и наликува на клизање на мраз, пред се на професионална инлајн-хокеј подлога.
Палица (Hockey stick)
Најважниот инструмент на еден хокејар е негова палица, и секој си има свој вкус што се однесува на должината на палицата (stick lengths), дијаметарот на кривината на лопатата (blade curve) и тврдината на палицата (stiffness).
Денешните хокеј палици се хај-тек производи, ретко се користат палици како на времето од дрвен материјал. Карбон е најупотребениот материјал за хокеј палици и веќе за удобна цена можат да се најдат квалитетни хокеј палици.
Кадетските и јуниорските палици се пократки и помеки, а голманот кај хокејарите има специјална палица.
Друга опрема (Off Ice)
„За на хокеј“ не е потребна само заштитна хокеј опрема, пред натпревари и тренинзи играчите мора да се загреваат вон хокеј теренот. За тоа, во секоја хокеарска торба мора да се најдат маичка или дрес, гаќички, патики а и влечки за туширање и пресоблекување.
Пак/Плочка (Ice Hockey Puck, Inline Hockey Puck)
Со „Пак“ (Puck) се опишува плочката со која хокејарите ја играт својата игра. Пакот за хокеј на мраз е произведен од црвста гума и е 1 цол висок а проекот е 3 цол односно 2,54 на 7,62 см. Тежината одреден со 5,5 до 6 Унци односно 156 до 170 гр. За различните категории (сениори, јуниори, кадети, бамбини) има пакови со одредена тежина. Пакот за сениорите е со црна боја, другите се сини, зелени или црвени – зависно од категоријата.
За хокеј на ролерки постој специјална плочка која е полесна и е изработена за суви подлоги. Официјалниот пак на светската хокејрска федерација е во црна боја, пакот кој се користи на првенства на светската федерација за спортови на ролерки е во црвена боја, големината и тежината е скоро идентична.
Хокејот на ролерки се игра и со топка и се нарекува „скејтер хокеј“. Топчето е со портокалеста боја и тежи од прилика 100 до 110 гр.
Голмани
Голманите во хокејот ја имат најобемната опрема, а и најтешката. Специјални лизгалки со помал нож или ролерки.
Кацигата е специјална и има додатна заштита за вратот. На рацете носи голманот т.н. „лапачка“ и „блокер“. А под дресот голманите морат да облекуваат специјален градник, суспензор, налактици, голмански панталони со подебела заштита, коленици и големите блокери на нозете т.н. „шицери“ или „шини“.
Голманот има специјална палица кој мо овозможува на голманот да блокира шутеви или да прекине дриблинг на противникот.