Историја на хокејот на мраз
Не се знае точното потекло на хокејот на мраз, но се смета дека се развил од игра што се игра со закривена палка и била популарна во Ниските Земји помеѓу Средниот век и холандската Златна Доба. Играта се игра со дрвена закривена палка, а топката е направен од дрво или кожа. Сепак, повеќето веруваат дека хокеј на мраз настанал од игри со палка и топка, кои биле играни на отворено, и прилагодени на ледените услови на Канада во 19 век. Игрите на британски војници и доселеници во Канада, под влијание на игрите со палка и топка на Првите Нации, се развила во игра со лизгалки, што се игра со плочка и со палки кои ги правеле индијанските племиња Микмаки во Нова Шкотска. Не се знае точно од каде потекнува името на хокејот, но прв пат на Англиски е спомнат зборот „хокеј“ во 1363 година.
Игрите со стап и топка се играле уште пред-христијански времиња. Вакви игри се играле и во Европа, како на пример Ирскиот спорт хурлинг, сличниот шкотски спорт шинти, и други видови на хокеј на трева, како на пример бенди во Англија. Европските доселеници во Канада со себе ги донесоа и ваквите игри и ги прилагодија на ладните климатски услови. Овој вид на забава често ја практикуваа британските војници. Според усните преданија, има докази од традиционалните игри со стап и топка која ја играле канадските индијанци Микмак во Источна Канада.
Во книгата Микмашки Легенди (1984 година), Сила Ранд опишува игра со топка која се вика Туадиџик. Ранд, исто така опишува игра Волчамадиџик, која се играла после контактот со европската игра хурлинг. Сликите од раниот 19ти век во Нова Шкотска, Канада ни ги покажуваат почетоците на хокеј на мраз, наречен Шини, кога се играл без некои одредени правила. Така, многу од овие рани игри ги попримија физичко-агресивните аспекти на она што Микмак го нарекоа Лакрос. Игрите Шини биле играни на заледените површини на реките Сен Лорен во Монтреал, Квебек и Кингстон, и на Отава во Онтарио. Обично голем број на играчи учествуваат во овие игри. Самиот термин „шини“ и денес се користи во Канада и означува рекреациони натпревари хокеј на лед или уличен хокеј.
Во 1825 година, поларниот истражувач Џон Франклин напиша дека „ Играта хокеј на мраз е утрински спорт “, за време на една од неговите арктички експедиции на Големата Мечка Езеро. Во 1843 година воено британско лице напиша : „ Почнете да лизгате оваа година, брзо усовршете се и имајте многу забава со хокеј на мраз “. Еден напис во вечерниот бостонски весник спомнува за такмичење во хокеј на мраз, што таа година се одржа во Халифакс во 1859 година.
Писателот Томас Ч. Хелибуртон во книгата The Attache: Second Serie, објавена во 1844 година, опишува игра слична на хокеј, што ја играле момчиња од Факултетот Кинг во Виндзор, Нова Шкотска, околу 1800 година кога тој бил студент таму (не подоцна од 1810-та година). Според Хелибуртоновите описи, модерниот хокеј потекнува од Виндзор, Нова Шкотска, односно од студентите на Факултетот Кинг, кои „први“ ја стандаризирале и играле оваа игра. Според други пак, потеклото на модерниот хокеј води потекло од областите Дартмут и Халифакс во Нова Шкотска.
ИЗВОР: Википедија