Хокеарскиот тим на ветераните од Македонија утре, петок во ледената арена при СЦ Борис Трајковски ќе одигра пријателски меч.
На истиот „црвено-жолтите“ за противник ќе ја имаат екипата на Гуд Гајс од Љубљана, против кои по вторпат во меѓусебната историја ќе ги одмерат силите.
Почетокот на мечот е од 20:00 часот, а влезот за истиот е бесплатен.