Хокејарите на Металург со два порази и една победа го завршија „Суботица Купот“ во соседна Србија, турнир на кој учествуваат по вторпат.
Во вчерашниот последен натпревар од второто коло македонскиот претставник го совладаа тимот на Вукови со 5-2 со головите на Садиковиќ, Анастасов, Ташевски и Бановиќ (2).
Утрово металурзите загубија од домашната екипа Спартак Суботица со 4-3, а головите за нашиот тим ги постигнаа Садиковиќ (2) и Анастасов (1).
Војводина од Нови Сад е победник на Купот, пред Спартак Суботица, Металург го освои третото место, а последно пласирана е екипата на Вукови.



