Фотка со пехарот и порака: Ни треба хокеј-арена…

development-cup-2018-macedonia-we_need_hockey_arena

Хокеарските репрезентативци на Македонија се приклучуваат на иницијативата на претседателот на оваа федерација, Никола Тасев, кој во текот на вчерашниот ден гласно побара да се изгради арена за овој спорт што би овозможила уште поголем развој на хокејот во нашата земја.

Откако остварија голем успех триумфирајќи на „Девелопмент купот“ што се одржуваше во Германија, македонските хокеари се подготвени и за посериозни предизвици. Сепак, за тоа да се случи неопходна е затворена арена наменета за хокеарскиот спорт, впрочем „Девелопмент купот“ е натпреварување токму на земји кои немаат сали за хокеј. Затоа и првата фотографија со пехарот е проследена и со порака „Ни треба хокеј-арена“.

Убедливите игри се доказ дека потенцијал постои, а за посериозен развој неопходни се и сериозни услови за работа. Тука се почнува од инфраструктура, па јасно е зошто хокеарите бараат своја арена, останува да се види дали желбата ќе им биде исполнета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK