Македонската репрезентација во инлајн хокеј, популарните „оклопници“ од денес ги започнуваат подготовките за квалификациите за пласман на СП во 2017 година, кое ќе се одржи во Братислава.
Подготовките кои ќе започнато попладнево ќе бидат реализирани во Јесенице, Словенија, каде што нашиот селектор Јуре Внук ќе ја изврши првата прозивка. Според предвиденото во Словенија ќе се остане следните девет дена, каде што ќе има по два тренинзи на ден во легендарната арена „Подмежакла“ и еден кондиционен тренинг. Потоа се патува во австриски Стеинфорд, каде ќе се одржат квалификациите, а каде што Македонија пред првиот дуел со Бугарија на 22 јуни кој започнува од 16.00 часот, ќе одржи уште три тренинзи.
Како што е познато во квалификациите Македонија се најде во групата А, каде што покрај Бугарија противници ни се и домаќинот Австрија и селекцијата на Србија.
gol.mk



