Хокеарите редат победи на неофицијалното СП, убедливо совладана Андора

andrej_vasilev-macedonia-andorra-development-cup-2018

Хокеарската репрезентација на Македонија ја запиша и втората победа на „Девелопмент Купот“ (неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени), кој се игра во Фусен, Германија.

Нашите репрезентативци по утринската победа над Северна Ирска од 9-6, вечерва одиграа уште една одлична партија и со високи 9-4 ја совладаа соодветната селекција на Андора.

Македонија утре продолжува со настапите на овој неофицијален Мундијал, и трет успех ќе брка против селекцијата на Португалија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK