Хокеарите ја совладаа и Португалија, следи полуфинале против Андора

Macedonia-development-cup-fuessen-2018-team

Македонската хокеарска репрезентација извојува победа на натпреварот против Португалија со 5-4 и како првопласирана влезе во завршниот дел на „Девелопмент Купот“ кој се одржува во Фусен, Германија.

Првата третина им припадна на Португалците, но нашите репрезентативци направија комплетен пресврт и со максимални три победи против Ирска, Андора и Португалија влегоа во битка за пехарот. 

Веќе попладнево следува полуфиналето против Андора. Финалето и мечот за третото место на неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј-арени се закажани за утре попладне.

gol.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK