Лизгалиштето под Кале – Денес руинирано и запуштено

Едно од најпосетуваните места во Скопје во 70-тите и 80-тите години, лизгалиштето кај Кале, денес стои руинирано и запуштено.

Местото каде некогаш доаѓаа рекреативци, се тренираше уметничко лизгање и се играше хокеј, денес е нефункционално.

Лизгалиштето под Кале, на почетокот на 70-тите години од минатиот век беше домаќин и на светско првенство Ц-категорија во хокеј. Македонските тимови со успех се натпреваруваа во југословенската лига, а репрезентативните настапи ги полнеа трибините.

Според некои податоци и кажувања за време на викендите на лизгалиштето доаѓале помеѓу 3000-5000 рекреативци. Скопјани со носталгија се сеќаваат на лизгалиштето на кое поминувале убави моменти.

Убави сеќавања од минатот и горчина за моменталната состојба има и нашиот прославен хокеар Ѓорги Грчев – Јирко, легендата на македонскиот хокеј. Во разговорот со него навраќавме спомени за тоа како функционираше хокејот во тоа време, какви успеси имавме и што треба да се направи за да се вратат убавите моменти.

Кирил Стојанов

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK