Македонските хокеари испишаа нова историја во овој популарен спорт, откако со убедлива победа од 9-3 ја совладаа селекцијата на Португалија и го освоија првото место на „Девелопмент турнирот“, кој се играше во Фисен, Германија.
Ова натпреварување е неофицијално Светско првенство за земји кои немаат затворена хокеј арена. Нашите репрезентатици на турнирот во Германија одиграа пет натпревари и забележаа исто толку победи, со што сосема заслужено го освоија првото место.
Денешната победа беше најавена уште на самиот старт и водството од 3-0 по првата третина, кое на крајот од втората изнесуваше високи 7-1. Нашите хокеари имаа и 8-1, за на крајот да слават рутинска победа од 9-3.
Покрај Македонија, на овој турнир учествуваа селекциите на Португалија, Ирска и Андора.



