Хокеарската репрезентација на Македонија ја запиша и втората победа на „Девелопмент Купот“ (неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени), кој се игра во Фусен, Германија.
Нашите репрезентативци по утринската победа над Северна Ирска од 9-6, вечерва одиграа уште една одлична партија и со високи 9-4 ја совладаа соодветната селекција на Андора.
Македонија утре продолжува со настапите на овој неофицијален Мундијал, и трет успех ќе брка против селекцијата на Португалија.



