ХК Металург ја освои шампионската титула во БАХЛ

HK_Metalurg_Skopje-BAHL-champions

Екипата на ХК Металург Скопје со упедлива победа над Динамо Софија ја потврди шампионската титула во регионалната БАХЛ лига. Пиратите во ова натпреварување уште еднаш ја потврдија својата класа, совладувајќи го домашниот тим со резултат 6:2 (2:0, 1:0, 3:2).

„Пиратите“ одиграа одличен натпревар навестуваќи уште една сигурна победа во воведниот период, кој го добија со двата погодоци на Рок Шимчиќ. Во вториот период, „металурзите“ преку Јуре Внук ја зголемија предноста на 3:0, а во завршниот дел истиот играч постигне уште два погодоци, по што Давор Анастасов го постави конечниот резултат од 6:2.

На свечената церемонија по крајот на оваа средба, хокеарите на Металург го примија трофејот за првата интернационална титула во БАХЛ, а втора за Металург по ред, само неколку дена по онаа што ја освои во домашниот шампионат. Играчите на нашиот шампион ги собраа речиси сите индивидуални награди, па така Давор Анастасов беше прогласен за МВП на шампионатот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK