Хокеарите на Метлург, кои вчера приредиjа вистинско изненадување, совладувајќи го актуелниот шампион во БАХЛ лигата, Ајс Девилс, денеска остварија нова победа, овој пат над НСА (Национална Спортска Академија) со преубедливи 16:0 (4:0, 4:0, 8:0).
“Пиратите” без посериозни проблеми, со рутинска игра, без ниту еден примен гол во својата мрежа му нанесе тежок пораз на бугарскиот состав, кој немаше што многу да покаже на денешниот меч. Металург воведните два периода ги доби со идентични, 4:0, додека во последниот период со нови 8 погодоци, двојно ја зголеми предноста за конечна победа од 16:0.
На денешиот натпревар, во редовите на Металург, најефикасни со по три постигнати погодоци беа Давор Атанасов и Јуре Внук и Кристијан Ташевски. Тарик Гочман и Стефан Децковски реализираа во два наврати, а во листата на стрелци се запишаа и Ивица Тасков, Урош Бановиќ и Димитриј Прокудин.
Металург, пред враќањето во нашата држава, утре рано наутро со почеток од 7:30 часот ќе го одигра и натпреварот од третото коло против тимот на Днепар.

