Хокеарите на Металург остварија и трета победа во Софија

Metalurg_Skopje-Ice_Devils_Sofia

Хокеарите на Металург и во третиот, последен натпревар за овој викенд во Софија во рамките на Балканската БАХЛ-лига во хокеј на мраз, остварија победа со резултат 4-0.

Во дуелот со Дњепр, скопскиот тим славеше со 4:0 (по третини 2:0, 2:0, 0:0), а стрелци беа српските интернационалци Александар Миљушковиќ и Урош Бановиќ во првата, а во вторатат третина головите ги постигнаа македонските репрезентативци Давор Атанасов и Кристијан Ташевски во втората третина.

Претходно, Металург славеше со 5-2 против актуелниот балкански шампион Ајс девилс, и со 16-0 против НСА (Национална спортска академија).

На 7 и 8 ноември, Металург ги очекува дебито во инлајн-првенството (хокеј на ролерки) во Загреб, а од 14 до 16 ноември ќе се одржи турнир во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK