Екипата на ХК Металург Скопје со импресивна игра како во одбраната така и во нападот дојде до висока победа над фаворитот ИХК Куна од Загреб со што ги налути Хрватите кои што не се навикнати често да губат, со оглед дека ова беше нивниот прв сезонски пораз. Со 8-3 (2-0, 3-0, 1-1, 2-2) Металург го совлада Куна.
Домаќините од Загреб откако лошо за нив го отворија натпреварот започна со жестока игра, на работа на исклучувања и со притисок кон судиите на што за среќа хокеарите на Металург не подлегнаа, и обезбеди водство од 5-0 за полувреме.
Во второто полуврме на неколку наврати имаше краток прекин на играта каде што судиите мора да интервенираат, но не со казни туку со раце за да ги разделат хокарите, но за среќа не дојде до посериозен инцидент со оглед на присебноста на “металурзите”.
Голови за Пиратите: Рок Симшич (2) Јуре Внук (2) Симон Жердин (2) Јуре Стопар и Боштијан Кос

