Македонија со Бугарија во првиот свој репрезентативен хокеарски натпревар

macedonia-bulgaria-ice-hockey-december-2014

Македонската репрезентација во хокеј на мраз го одигра својот прв, официјален натпревар. Денеска на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје нашите хокеари одиграа со младата репрезентација на Бугарија доживувајќи пораз од 5:6 (2:0,1:2,2:3,0:1) по изведувањето на пеналите.

Во рамноправен меч нашите хокеари поведоа со 5:3 но во третата третина дозволија гостите од Бугарија да стигнат до израмнат, и потоа со голот на Георгиев во серијата изведување пенали да дојдат до триумф.

Но сето тоа е најмалку важно во моментите кога пред се македонскиот хокеј означува нова страница од своето постоење.

Давор Атанасов и Јуре Внук со по два погодоци, како и Дмитриј Прокудин со еден погодок беа стрелци за нашата селекција

Македонија – Бугарија 4:3

Денес (21.12.2014) на хокеј арената на спортскиот центар Борис Трајковски се одржа вториот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија. Овој натпревар во регуларниот дел заврши со резултат 3:3, а по изведувањето на пенали победа извојува репрезентацијата на Македонија со 4:3.

Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук 2 и Давор Анастасов, а Димитри Прокудин имаше 2 асистенции.

Головите за Бугарија ги постигнаа Атанас Ковачев, Ѓорги Искренов и Кристијан Семков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK