Македонска хокеарска колонија во Грција

Хокејот на мраз се уште не е доволно развиен во Македонија, па така овие спортисти среќата мора да си ја бараат надвор од границите на нашата земја. Она што е интересно е дека во Грција се создава наша хокеарска колонија, ако се знае дека за овој тим веќе настапуват тројца Македонци: Стефан Децковски, Ивица Тасков и Зоки Гировски, кои што се дел од тимот на Ираклис, на чија што клупа седи македонскиот стручњак Васко Шишков.

Бидејќи и Грција нема доволен број на тимови за да формира хокеарска лига, тимот на Ираклис се натпреварува во бугарскиот шампионат. Во последните два меча Ираклис претрпе два порази, од 8-0 и 4-1, а стрелец на единствениот погодок за овој тим беше токму нашиот хокеар Децковски.

„Јас и лани бев дел од тимот на Ираклис, газдите на клубот беа задоволни од мене и ми понудија да останам и сезонава. Се чувствувам одлично во Грција, без оглед на односите меѓу двете земји јас не чувствувам никаков притисок овде, момците се супер и рабоиме напорно за да бележиме подобри резултати“ – изјавува Децковски.

Македонската колинија во овој тим би требала да се зголеми со ангажманот на двајца нови хокеари, Ѓорѓи Грчев и Ристо Аиновски, кои што се најавени како големи засилувања во обидите Ираклис да излезе од резултатската криза.

„Добро е што голем број наши хокеари ќе настапуваат за ист тим, тоа ќе ни помогне да се воиграме што подобро. Знаеме дека постојат најави за тим-репрезентација во Македонија и се надевам дека тоа наскоро ќе се оствари, но од друга страна во моментов немаме ниту лизгалиште за да тренираме како што треба. Се надевам дека ќе бидат исполнети сите услови за нормален тренинг, што е прв предуслов за создавање на силен тим“ – коментира Децковски.

17.11.2011

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK