Македонската Хокеј репрезентација првпат официјално на мраз

Macedonia-Bulgaria-hockey-2014

Македонската репрезентација во хокеј на мраз го одигра својот прв, официјален натпревар. На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје нашите хокеари одиграа со младата репрезентација на Бугарија доживувајќи пораз од 5-6 (2-0,1-2,2-3,0-1) по изведувањето на пеналите.

Прочитај повеќе: Македонската Хокеј репрезентација првпат официјално на мраз

Во рамноправен меч нашите хокеари поведоа со 5:3, но во третата третина дозволија гостите од Бугарија да стигнат и да израмнат, а потоа со голот на Георгиев во серијата изведување пенали да дојдат до триумф.

Но, сето тоа е најмалку важно во моментите кога пред се македонскиот хокеј означува нова страница од своето постоење.

Стрелци за нашата селекција беа Давор Атанасов и Јуре Внук со по два погодоци, како и Дмитриј Прокудин со еден погодок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK