Репрезентација на Македонија во хокеј на ролерки од утре (22.06), во австрискиот град Штајндорф ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во инлјан хокеј 2017 година, кое ќе се одрижи во Братислава, Словачка.
Прв противник ќе им биде репрезентацијата на Бугарија, со која ќе се сретнат на отварањето на квалификацикиот турнир во 16 часот. На 23 јуни ќе го одиграат натпрварот со домаќинот Австрија, а ќе ги завршат натпреварите по групи на 24 јуни против Србија. Побдникот од оваа група, ќе разигрува со победникот од другата група, каде што се репрезентациите на Белгија, Латвија, Турција и Израел.
Пласман на Светското првенство ќе обезбеди само една репрезентација.
Досега македонските хокеари учествуваа на 4 квалификациски турнири.
Пред турнирот, репрезентативците под раководство на селекторот Јуре Внук, се подготвуваа 10 дена во Јесенице, Словенија, од каде што денес заминаа за Австрија.
Составот на Македонија за овој квалификациски турнир е:
- Александар Петров
- Рок Шарлохар
- Ивица Тасков
- Стефан Децковски
- Јуре Стопар
- Рок Симсич
- Давор Анастасов
- Влатко Атанасов
- Дмитриј Прокудин
- Јернеј Пејановиќ
- Кристијан Ташевски
- Лука Урбас
- Кристијан Грчевски
- Нејц Турк
- Боштјан Кос
- Иван Бачовски
Овој квалификациски турнир е премногу тежок, затоа што од 8 репрезентации само една ќе се пласира на Светското првенство. Тука се Австрија, Латвија и Бугарија, како редовни учесници на Светските првенства, изразити фаворити. Ние се подготвивме одлично и ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме хокеарската публика во Македонија. Целта ни е конечно да ја оствариме првата историска победа за Македонија на едни квалификации, изјави Зоранчо Гриовски, директорот на националниот тим пред заминувањето во Австриjа.

