Хокеарскиот клуб Металург, по победата над Ајс Девил, денеска успеа да го совлада и лидерот на А дивизијата во БАХЛ, тимот на Динамо Софија со 9-3, по периоди (3-2 1-0 5-1).
Македонскиот претставник во ова натпреварување, по низата засилувања конечно се консолидира и врза две последователни победи.

