Пријателски натпревари против ХК Долењске Топлице во Скопје

skopje-dolejnske-toplice-fevruari-2025

Минатиот викенд гостуваше словенечкиот тим ХК Долењске Топлице во Скопје. Со години тимот од Словенија е наш пријател – Македонци играт во клубот и го водат.

Во петокот и саботата се одиграа пријателски натпревари помеѓу „остатокот на македонските хокеари“ и ХК Долењске Топлице. Словенците доминираа во првиот меч со 9 спрема 2.

„Конечно можеа да гостуваат играчите од Словенија. Кај нив веќе со години патуваме и настапуваме на нивен турнир во хокеј на ролерки. Еден од најпрестижните турнири во Словенија“ објасни Зоранчо Гриовски, еден од останатите хокеари откога федерацијата буквално престана да фунцкионира по корона кризата. „Сакаме да воведеме традиција, во лето да гостуваме кај нив на ролерки, а во зимата да гостуват во Македонија на хокеј на мраз“.

Во тимот на ХК Долењске Топлице настапуват и двајца македонци. Браќата Петер и Рок Шарлохар, со потекло од Делчево. И не се само играчи, Петер го тренира подмалдокот во клубот веќе со години, а Рок е дел од раководството.Двајцата имат и настапи во македонски дресови, Рок го бранеше голот на Македонија кога нашата репрезентација го освои Девелопмент Купот во 2018 година.

Со тимот од Топлице допатуваше и уште еден македонец кој живее во Словенија. Давор Анастасов од Јесенице, кој го постигна првиот гол на една македонска репрезентација во хокеј на мраз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
WhatsApp
Reddit
VK