Во Скопје на лизгалиштето при СЦ Борис Трајковски се одиграа финалните натпревари од Хокеарскиот турнир SKOPJE ICE FESTIVAL 2014.
Домашниот тим ХК Металург во финалето го совлада ХК Спаратк од Суботица со резултат 5:4 (0:1, 2:1, 3:2)
Четири голови за ХК Металург постигна Јуре Внук, кој беше прогласен и за најдобар играч на турнирот, а еден гол Димитри Прокудин.
Предходно во малото финале во мечот за трето место ХК Ред Стар од Софија го совлада ХК Ираклис од Солун 11:0.
Во полуфиналните мечеви: ХК Металург и ХК Ираклис 16:1 (7:0, 11:1, 5:0) и во вториот меч ХК Ред Стар Софија против ХК Спартак Суботица 7:3 (3:1, 1:0, 3:2).

