Нашиот најдобар хокејар кој воедно важи и за најперспективен ,младиот 18 годишен Стефан Децковски потпиша за Белградски Партизан со што стана првиот македонски хокеар во странски клуб во поновата историја.
Прочитај повеќе: Стефан Децковски во Партизан – прв македонски хокеар во странски клубСтефан Децковски во разговор за Спорт Корнер открива како дошло до трансферот во силниот тим на Партизан кој минатат сезона беше шампионо на Слохокеј лигата односно словенската хокеарска лига во која играше,лига која важи за една од подобрите на овие простори.
Партизан дозна замене на БИХУ турнирот кој се одража во Турција каде што бев во склоп на Македонската репрезентација.На турнирот беше присутна и Српската репрезентација предводена од селекторот Никола Бера кој воедно е и сегашен тренер на Партизан и тренерот на јуниорскиот тим Таш,Рашид Шемшединовиќ со кои после турнирот разговаравме и се договоривме да се приклучам на тимот на Партизан на стартото на подготовките кој започнаа на 1 Октомври.За да се подготвам што подобро минувам доста време на мраз и покрај тренинзите со првиот тим на Партизан,тренирам и со јуниорскиот тим на Таш.-изјави младиот хокејар Децковски.
Стефан Децковски оваа сезона е единствен интернационалец во тимот на Партизан за разлика од претходната сезона кога во тимот имаше 8 интернационалци и тоа од Словенија тројца,од Америка и Русија по двајца и еден Словак.
Оваа година тимот на Партизан за жал нема да ја брани титулата во Слохокеј лигата бидејќи заради финансиски проблеми го откажа своето учеств во ова лига.Ова сезона исклучиво ќе се натпреваруваме во домашната Српска лига која ова сезона имаа солиден број на екипи,веќе се одигра и првото коло во кое Партизан го совлада тимот на Витез со 12:5,натпревар на кој немав право да играм бидејќи сеуште не ми е стигната трансфер картичката од македонската хоекеј федерација,која се надевем ќе стигне во што побразао време и од следната недела да може да играм.-завршува нашиот репрезентативец Стефан Децковски.