Некогаш, токму под Кале, Скопје имаше лизгалиште. Во доцните 60-ти и раните 70-ти години, тука младите доаѓаа да се дружат, да се лизгаат, но и да гледаат хокеј. Скопјани, кои претходно се лизгале на замрзнатото езерце во Градскиот парк, добија „топол дом“ во студените зимски денови и вечери.
Објектот почна да се гради во доцните 60-ти години, за време на првите организирани настапи на хокеј на мраз во Скопје. Хокејскиот клуб Скопје (подоцна преименуван во ХК Вардар) доби свој дом. На натпреварите се собираа и до пет илјади навивачи.
Поради скапото одржување на мразот, лизгалиштето престана да работи во првата деценија на овој век…
ИЗВОР: Слободен печат

